Хабиб Нурмагомедов го задржа максималниот ефект во ММА борбите (29 победи во исто толку борби) победувајќи Џастин Гејчи во дуелот на шампионите. Русинот потегот за победа го направи во втората рунда, кога направи зафат на вратот од Гејчи, кој немаше друг избор освен да се  предаде.

Нурмагомедов победата и титулата му ги посвети на неговиот татко, кој ја загуби битката со коронавирусот и почина пред неколку месеци. Тој најави дека за него борбата со Гејчи беше последна во ММА борбите.

Разговарав со мајка ми и ѝ дадов збор дека борбата со Гејчи ќе ми биде последна, без разлика на исходот. Не можам да се замислам без татко ми и затоа се повлекувам. Се надевам дека уживавте со мене во ММА. – изјави Нурмагомедов.

За победата и брилијатната кариера во ММА борбите на Нурмагомедов му честитаа голем број на спортисти од целиот свет.

OhridNews