Обдукцијата ги потврди причините за смртта на момчето од кочанско, околностите се уште непознати
07.07.14 07:00
Извршената обдукција покажала дека смрта кај 25 годишниот Александар од кочанското село Зрновци, кој во саботата беше пронајден мртов во водите на Охридското Езеро во центарот на Охрид, настанала од давење. Наодите од обдукцијата заедно со доказите се предадени на јавен обвинител информират од охридскатата полиција која се уште работи на утврдување на околностите под кои се случил немилиот настан. Последен пат момчето кое во Охрид дошло пред неколку дена ра работи во угостителски објект, било видено во ресторан каде се задржало до полноќ. Што се случило потоа и дали можеби пијалакот и храната што ги консумирало критичната вечер влијаеле на текот на настаните, треба да утврди истрагата.
Стручњаците предупредуваат и на други ризици, како студената вода и неподготвеноста на организмот при влегување во езерото, што може да има фатални последици.
-Посетителите на плажите да внимаваат при влегувањето во вода бидејќи таа е се уште ладна 21-22 степени, да не влегуваат презагреани, да ги преиспитаат своите можности, да не консумираат алкохол пред капење, да не консумираат храна и веднаш потоа да влегуваат во вода.- се препораките на Црвениот крст каде се обучуваат спасители на вода.
Од почетокот на главната туристичка сезона на 1 јули, спасителите на вода имале две успешни интервенции на охридското крајбрежје. Во првиот случај на плажа во центарот на Охрид спасен бил турист од Србија кому му се слошило во вода, а во вториот, во Св. Наум од давење било спасено 18 годишно момче од Албанија.
Во рамките на годишната програма и богатата културна понуда, НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид го најавува музичкиот настан „Циклус на концерти: Мозаик на жанрови“ Концертот ќе се одржи...
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалуваат за 5,00 денар по литар, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува, одлучи денеска Регулаторната коми...
Општина Струга соопшти дека во текот на наредните денови ќе започне акција за чистење на градот и ослободување на јавните површини од бесправно поставена урбана опрема Во рамки на оваа акција, ло...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.