Министерството за култура на РМ ја информира јавноста дека преку Министерството за финансии се обезбедени средства за надминување на проблемот со валоризација на стручните работници во областа на заштита на културното наследство и реализација на нивните законски права.

– За сто триесет и четири лица од национални и од локални установи од областа на културата е добиена е согласност за зголемување на платите по основ на стекнати стручни звања на стручни работници во областа на заштитата на културното наследство, велат од министерството за култура.

Оттаму, додаваат дека на овој начин ќе се надмине долгогодишниот проблем и ќе биде извршена корекција на платите за вработените во 21 национална установа, и во 8 локални,  по основ на стекнати стручни звања и тие ќе бидат распоредени на соодветни работни места во установите од областа на заштитата на културното наследство, согласно закон.

OhridNews