При личен претрес на албански државјанин, кој со албански автомобил се пријавил за излез од државата на граничниот премин Ќафасан, царинските работници откриле 180.000 денари.

Патникот пријавил дека со себе носи 800 евра, но при личниот претрес, во џебови од неговата јакна биле пронајдени 300.000 денари. Согласно законските прописи за внесување и изнесување на домашна валута, на патникот му биле вратени пријавените евра и 120.000 денари, износ што може слободно да се изнесе од државата.

За сторениот прекршок ќе биде поведена прекршочна постапка.

OhridNews