Од страна на непознати сторители, во текот на ноќта обиена е црквата Света Ѓорѓија која се наоѓа во строгиот центар на Струга.


Информацијата ја потврди СВР- Охрид и според првичните информации кои OhridNews ги доби украдени се икони и пари од црквата.


Објектот го обезбедува полицијата која започна увид во црквата, која според првичните непотврдени информации била ограбена во текот на ноќта.

Во рамки на црквата се наоѓа и Галеријата на икони, отворена 2009 година, која содржи над 50- тина вредни, древни икони кои датираат од 13- тиот до 19- тиот век.


Синоќа, бил обиена административната зграда на струшкиот музеј. Според инфоормациите на директорот Сашо Цветковски, непознати сторители влегле во административната зграда на објектот, но сеуште не е утврдено што било предмет на кражба. Како што вели Цветковски, во музејот не се чуваат вредни примероци. Се што е со поголема вредност се чува во сеф во банка, изјави директорот.


Се чека од страна на надлежните да започне увидот на лице место. 

OhridNews