
Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци под шифра, без лични податоци за авторот, на адреса: ОПШТИНА ОХРИД, ул.„Димитар Влахов“бр.57 со назнака : ЗА КОНКУРСОТ ЗА РАСКАЗ.
Краен рок за доставување на трудовите е 31-ви јули. Жири-комисијата ќе ги објави резултатите од Конкурсот во дневниот печат најдоцна до 08.08.2017.
Наградата за најдобар расказ е една и изнесува 30.000 денари, а истата ќе биде врачена на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“, која во негова чест традиционално, секоја година се одржува во неговото родно Велгошти.











