Правците во идното управување со басенот на реката Црн Дрим се зацртани во првиот нацрт-извештај за статусот на басенот на реката, објавен денеска. Во неговата изработка учествуваа македонски , албански и грчки експерти.

Ова е момент на реална почетна точка на започнување на спроведувањето на проектот за управување со дримскиот басен , проект на кој долго работевме , долго лобиравме дома и пред меѓународните институции кои застанаа зад кредибилитетот на
тимовите и зад важноста на сливот,
  вели Дејан Пановски, од македонскиот секретаријат за заштита на Охридското Езеро.

Носители на активностите се македонско-албанскиот секретаријат  и сродните структури во Преспа и Скадар.

Ohridnews