Министерството за образование и наука објави јавен повик за пријавување за патување за најдобрите студенти од првите три најдобро рангирани високообразовни установи во   Република Македонија, рангирани согласно со Законот за високото образование: Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип и Универзитет на Југоисточна Европа – Тетово.

Право на учество имаат редовни студенти запишани на прв циклус на студии на наведените универзитети кои последниот испит го положиле заклучно со јануарската сесија (не подоцна од 15 февруари 2016 година) и имаат просек од сите оценки над 9,50. Студентите не треба да повторувале студиска година во текот на своето студирање и да не го имаат подигнато уверението за завршено високо образование на факултетите каде што не е предвидено полагање на завршна дипломска работа или студентите кои ги имаат положено сите испити, но ја немаат одбрането завршната дипломска работа на оние факултети каде е истата предвидена со студиската програма.

Студентот треба да достави потпишана Изјава за пријавување на Проектот “Патување за најдобрите студенти” со која одбира време и дестинација на наградното патување (согласно предвидените опции), чиј составен дел е и изјава за обработка на личните податоци на студентот со која се сложува Министерството за образование и наука по службена должност да ги обезбеди потребните документи од јавни институции со кои има склучено договори за соработка.

Повикот е отворен и пријавите може да се доставуваат најдоцна до 18.03.2016 година.

OhridNews