Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северозападен, а во западните делови засилен ветер од западен правец. Преку денот ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 33 степени.

‘И во Охрид времето ќе биде променливо облачно со дожд и појава на грмежи. Температурата во интервал од 17 до 26 степени целзиусови.

Променливо облачно ќе биде и утре претпладне со локален пороен дожд и грмежи. Услови за локален пороен дожд ќе има и во понеделник. Од вторник ќе преовладува претежно стабилно време со пониски дневни температути, информираат од УХМР.

 

OhridNews