Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од североисточен правец.

Во Охрид времето денес облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура до 8 степени.

Под влијание на циклонска активност утре и во четврток ќе има врнежи кои наместа ќе бидат пообилни (утре над 20 l/m², а во четврток над 30 l/m²). Поради спуштање на ладна воздушна маса, на планините и некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во снег. Во петок и сабота времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Утре и во сабота ќе дува засилен повремено силен ветер кој наместа ќе достигнува и над 70 km/h. Од недела следува период на претежно стабилно и потопло време.

OhridNews