Променливо облачно со врнежи од дожд, пообилни во западните делови. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, до утре ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, а денес и утре и појава на грмежи. Процесите наместа ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните и јужните делови каде во текот на овој период ќе наврнат над 30 l/m². Дневната температура ќе биде во опаѓање, а утре и во петок утринската наместа ќе се спушти и под нулата. Ќе дува северен ветер, кој утре ќе биде засилен, повремено силен.
OhridNews












