Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, пообилен во западните и југозападните делови (над 20 l/m²), грмежи и засилен северозападен ветер.

Во Охрид времето денес облачно со врнежи од дожд. Максималната температура до 16 степени.

До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот. Утре, во петок и за време на викендот ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи и засилен ветер (над 70 km/h), локално во форма на невреме. Во среда и во следните денови ќе дува засилен северен ветер (над 50 km/h).

OhridNews