Времето денеска во земјава ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег каде снежната покривка ќе се зголеми. Наместа, особено во јужните делови, врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од два до седум, а максималните од четири до девет степени.

Во Охрид ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималнaтa температурa ќе се спушти до шест, а максималнaтa до седум степени.

Локално, особено во јужните делови, врнежите ќе бидат пообилни (над 35 л/м2), а во петок и сабота ќе има преодно стабилизирање на времето. Од недела повторно ќе има локални врнежи од дожд.

OhridNews