Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо. Во поголемиот дел од земјата, освен на крајниот југ, ќе има слаб до умерен дожд. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 15 до 25 степени.

И утре ќе преовладува променливо облачно и значително посвежо, ќе дува засилен северен ветер (и над 70 км/ч) кој ќе биде најизразен долж Повардарието. За време на викендот ќе биде претежно сончево и топло со послаб јужен ветер.
OhridNews











