Обновен дрворедот долж булеварот „Туристичка“. Екипите на Паркови и зеленило засадија 19 јавори од видот Acer platanoides на местата каде несовесни граѓани ги деградирале и уништиле претходно засадените дрвја, информираат од ЈП Охридски Комуналец.

Опфатен е потегот на „Туристичка“ од кружната сообраќајница кај гимназијата до СРЦ Билјанини Извори, велат од претпријатието.

Инаку, младите дрвја од дрворедот на „Туристичка“ беа искршени минатиот месец.

Граѓаните реагира дека вандализамот за жал зема се поголем замав,  посочувајќи дека мора да се бара одговорност за ваквите постапки и истите да бидат казнети, а потребно е и поголема ангажираност на службите.

OhridNews