На 01.12.2021 на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли на автобуси и други моторни возила што вршат јавен превоз на патници.
Притоа, од 51 контролиран автобус, 47 се упатени на технички преглед од нив од Охрид 12, од Струга 11, од Кичево 19, од Дебар 5.
Кај 7 автобуси констатирани се неисправни уреди за запирање од нив 3 од Охрид, 3 од Струга, 1 од Кичево, а кај 5 автобуси регистрирани се недостатоци од друга соодветна опрема од кои 2 во Кичево, 3 во Дебар, поради што се исклучени од сообраќај, а возачите се соодветно санкционирани, информираат од МВР.
OhridNews












