53 американски волонтери на Мировниот корпус, на 6 декември, петок, во Скопје, ќе дадат свечена заклетва и ќе ја почнат службата во Македонија.

Новите волонтери ќе се приклучат на групата на повеќе од 800 волонтери, коишто до сега служеле во земјата.

Ова е дваесет и четврта група на волонтери што ќе живеат и работат во Македонија, од отворањето на канцеларијата на Мировниот корпус во земјава во 1996 година.

OhridNews