Премиерот Зоран Заев денеска соопшти дека аеродромот „Александар Велики“ во Скопје ќе биде преименуван во Меѓународен аеродром „Скопје“.

Подоцна денеска, Владата на 53-та седница донесе одлука аеродромот „Александар Велики“ од сега да го носи името Аеродром „Скопје“, а автопатот А1 од граничниот премин Табановце до граничниот премин Богородица, да се преименува во „Пријателство“. 

„Овие две одлуки се одлична вест. Покажуваат дека оваа Влада е сериозна во носењето одлуки. Но, ја покажува и решеноста да најде решение за спорот со Грција“ – истакна амбасадорот на Европската Унија, Самуел Жбогар. Тој денеска се обрати на редовната седница на Владата на Република Македонија. Презентирајќи ја стратегијата на Европската Унија за Западен Балкан, Жбогар истакна дека Република Македонија во последните неколку месеци бележи значителен прогрес. Меѓу другото, Жбогар рече дека проширувањето на ЕУ е во интерес на Унијата и дека таа ќе биде посилна ако е поголема.

OhridNews
фото: „Макфакс“