Од денес во сила ограничувањето за пловидба на скутери на Охридското Езеро. Согласно Одлуката на Владата, донесена на предлог на Министерството за транспорт, скутерите нема да смеат да пловат во периодот од 11:00 до 19:00 часот, а мерката ќе важи до 31 август 2026 година.

Од 3 јуни веќе е на сила забраната за пловење на чамци во периодот од 21:00 до 05:00 часот, а истата ќе трае до 31 август. Во септември забраната ќе важи од 20:00 до 06:00 часот, додека во октомври пловидбата ќе биде ограничена од 19:00 до 06:00 часот.
Од Министерството за транспорт посочија дека надлежните служби ќе вршат засилени контроли и за непочитување на пропишаните ограничувања ќе бидат преземени соодветни мерки согласно законските прописи.
OhridNews









