Обновено: Без голови во дербито на “Билјанини извори”, жестоко на трибините
19.02.22 15:07
Без победник заврши дерби натпреварот помеѓу Охрид и Вардар, што се играше на стадионот “Билјанини извори”, во рамки на 16 коло од Втората фудбалска лига Запад.
Првото полувреме во кое на теренот речиси и да немаше поголеми возбудувања и изгледни прилики за промена на резултатот, го одбележа инцидентoт што го предизвикаа симпатизерите на Вардар, Комити, кои во еден момент ја срушија оградата која ги разделуваше од неутралната публика и се судрија со неа.
“Комити” ја пробија заштитната ограда
Интервенираше полицијата, а натпреварот беше во прекин околу десет минути.
Ниту второто полувреме не донесе промени во резултатот, се играше тврдо со многу прекини.
Во таквата игра впечаток е дека домаќините беа поблиску до постигнување гол, бидејќи во два наврати преку контра напад, напаѓачите на Охрид имаа стопостотни шанси кои не успеаја да ги реализираат.
“Рибари” во елемент
Фаворизираниот Вардар иако имаше навидум повеќе од играта, јалово напаѓаше, а единствениот шут во рамките на голот домаќините успешно го запреа
По натпреварот фудбалерите на Охрид за пожртвуваната игра беа поздравени со аплауз од охридската публика и навивачката група “Рибари” која и денеска им беше силен ветер во грб.
Во текот на шестата недела од 2026 година (02-08022026), во Македонија се пријавени 1306 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, 12,8% помалку во споредба со претход...
Украинскиот скелетон-пилот Владислав Хераскевич нема да може да настапи на денешната трка во рамки на Зимските олимписки игри Милано-Кортина 2026, откако одби да се придржува кон “насоките за...
Работна средба – социјален дијалог „Учи паметно работи стручно“ ќе се одржи утре со почеток во 12:00 часот во просториите на ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ во организација на Општина Охрид На средб...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.