
„Посакуваме достоинствено и величествено велигденско празнување, нека столбот на нашата вера Велигден ги исполни нашите домови и семејства со здравје, љубов, среќа, со чиста мисла, почит, солидарност и толеранција кон сите наши сограѓани.
Како служба, длабоко сме убедени дека со единство и заедничка верба во поубава иднина, градиме стабилна, безбедна и демократска држава што се темели на целосно почитување и унапредување на основните човекови права и слободи, правдата, единството и на сите вистински вредности во општеството.
Блискоста и партнерството со граѓаните, законитоста, професионализмот, етичноста, транспарентноста и отчетноста се основните постулати врз кои почива нашето работење кон изградба на стабилен безбедносен систем што успешно ќе се справува со новите безбедносни предизвици.
За многу години Велигден, Христос воскресе.“ – стпи во Велигденската честитка на СВР Охрид.
По повод празникот Велигден, честитка до православните верници упатија институции, носители на јавни функции, политички партии.
„Почитувани,
празникот кога се разгласува веста за Христовото воскресение симболизира радост, утеха и поука за верниците. Животворен празник кој е една и единствена основа на христијанскиот живот и христијанската надеж. Надеж за подобар свет, за подобро утре. Токму поради тоа Спокојот, мирот и хармонијата нека го обележат денешниот ден и нека заживеат во сите домови. Да ги споделиме овие празнични мигови со нашите најблиски, со нашите роднини, соседи и пријатели. Овие вредности треба да се водилка и одлика на работењето и дејствувањето на сите во нашето општество.
Христос Воскресна!“ – се вели во празничната честитка на ВМРО ДПМНЕ.
– На сите православни верници во Охрид, сограѓани, им посакувам уште многу години да го слават овој голем празник во добро расположение, и им посакувам мир, добро здравје, среќа, љубов и меѓусебна почит. – се вели во велигденската честитка на советникот Кујтим Усеини.
OhridNews











