На последната седница на Владата била донесена одлука за новите концесии и концесионери за рекреативен риболов на Охридското Езеро.

Неофицијално  рекреативниот риболов на Охридското Езеро од брегова линија е доделен на  “Пастрмка 2012” – Охрид.

Со риболовниот ревир на сливот во Охридското Езеро во кој спаѓаат реките Сатеска, Коселска, Черава со нивните притоки и Требенишко Езеро, како и  со Слатинско Езеро ќе стопанисува ЗРРСК “Св.Апостол Петар“ – Охрид.

Концесијата за рекреативен риболов во горниот тек на Црн Дрим после мостот кај  Ташмаруништа, односно на рекреативната зона Акумулација Глобочица е доделена на ЗРЛЕ “Црн Дрим” – с. Лабуништа.

Претходно од почетокот на 2012 исто така со одлука на Влада, беше доделена концесија за рекреативен риболов на риболовниот ревир на реката Црн Дрим од истекот од Охридското Езеро до мостот во Ташмаруништа, со кој стопанисува ЗСРК Пастрмка од Струга.

OhridNews