Два земјотреса беа почуствувани утрово во Охрид.

Според првичните информации на веб страницата од Европскиот медитерански сеизмолошки центар ( www.emsc-csem.org првиот потрес кој се почуствува во 5 часот и 44 минути бил со интензитет од 4,5 степени според Рихтер, а епицентарот на потресот бил на околу 15 килиметри од Охрид и на 9 километри од Белчишта, а вториот потрес кој бил регистриран во 5 часот и 49 минути бил со интензитет од 3,5 степени, на 20 километри од Кичево, односно на 8 километри од Белчишта. Длабочината на двата потреса  била на  околу 10 километри.

Според истиот извор по овие два земјотреси биле регистрирани уште два последователни потреси. Едниот е регистриран во 6 часот и 19 минути со интензитет од 2,5 степени по Рихтер, со локација 18 километри од Кичево и на 9 километри до Белчишта.  Вториот потрес бил регистриран во 7 часот и 4 минути на 7 километри од Охрид, односно на 4 километри од селото Косел и бил со интензитет од  2,7 степени.

 


Освен во Охрид земјотресот бил почувствуван во регионот Општина Дебрца, Струга , Кичево и Дебар.

Инаку овие земјотреси следуваат по вчерашниот земјотрес кој беше почуствуван во истиот регион, 20-тина минути после пладне со интензитет од 4,5 степени по Рихтер.

OhridNews