Две лица, странски државјани, се тешко повредени во сообраќајната незгода, што се случи денеска во 13.30 часот на патот Охрид – Кичево, на излезот од градот, соопшти СВР Охрид.

Повредените со возила на итна медицинска помош се префрлени во болницата Св.Еразмо во Охрид, каде им е прижена лекарска помош и врз нив се извршени медицински зафати.

Во незгодата учествувале мотор и патничко моторно возило со струшки таблици. На местото на незгодата извршен е увид во присуство на јавен оббинител.

Се работи на утврдување на причините за незгодата, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

OhridNews