Земјотресите во охридско не престануваат. Ноќеска во 3.54 минути регистриран е уште еден посилен потрес со јачина од 3.7 степени според Рихтер. Епицентарот бил на 6 километри источно од Охрид во Косел на длабочина од 6 километри.
На овој потрес му претходел уште еден со помал интензитет што се случил во 03.09 часот со јачина од 2.9 степени.
Утрово во 6.27 и 6.40 часот се регистрирани уште два земјотреси со јачина од 2 степени, сите со епицентар на неколку километри од Косел.
Серија земјотреси во охридско беа регистрирани и вчера. Најсилниот се случи во 11.39 ч. со јачина од 4 степени според Рихтер.
Земјотресите кои повеќе од десет дена го тресат Охрид предизвикаа вознемиреност кај граѓаните. Тие бараат стручни лица да излезат на терен и да ги испитаат причините за тресењето на тлото под Охрид, каде во овој период се регистрирани над 800 земјотреси, во најголем дел со слаб интензитет.
OhridNews












