19.44 Македонската машка ракометна репрезентација го одигра еден од најлошите  натпревари на европските првенства, во најлош момент. Во одлучувачкиот меч од 3 коло во групата Б, во Виена, домаќинот Австрија со убедлива игра ја совлада Македонија 32:28 (18:12), и ја елиминира од понатамошниот тек на првенството.

Вебер со 7 и Билик со 6 гола ги предводеа расположените домаќини, додека во македонската репрезентација не функционираше ама буквално ништо. Згора на тоа видлива беше и голема нервоза, која ескалира во отворена караница на еден од тајмаутите во првото полувреме.

Од нашата група понатаму оди Австрија, додека Македонија која целосно ги изневери неколкуте илјади верни навивачи кои допатуваа во Виена може да ги пакува куферите за дома. Во последниот меч од групата Чешка ја совлада Украина со 23-19 ѝ и се придружи на Австрија во главната фаза.

Г. М.