Охрид е сплотен за помош на 11 годишната сограѓанка која боледува од леукемија и на која итно и е неопходна операција, која чини скапо. На помош се јави и акцијашкиот клуб „Брег на младоста“ од Охрид, кој денеска со триесетина свои членови ќе го средува дворот на црквата Св. Троица Педесетница во населбата Црногорци, каде во недела ќе се одржи народен собир и литургија по повод празникот Духовден.

-Ние ќе и помогнеме на црквата за Духовден, а за возврат таа ќе донира средства на жиро сметка за помош на младата сограѓанка која боледува од леукемија. –  велат од „Брег на младоста“.

Дополнително за време на викендот членови на клубот ќе дежураат во маркетите каде има поставено кутии за помош на болното девојче. Тие ќе ги анимираат купувачите да донираат, а за возврат ќе им помагаат со носење на кесите до нивните автомобили.

Фото галерија:


Акцијашите од „Брег на младоста“ го средуваат дворот во храмот Св. Троица

 

OhridNews