Екипи на паркови и зеленило на ЈП „Охридски Комуналец“ денеска го исекоа борот во комплексот Летница во центарот на Охрид, од кој неодамна се откина голема гранка која се сруши на плоштадот. Во инцидентот немаше повредени.

Дрвото е исечено врз основа на решение изготвено од стручните служби на општината и јавното комунално претпријатие, кои констатирале дека постои опасност од паѓање на гранки кои во голем број биле остарени и исушени и претставувале опасност по луѓето и материјалните добра.
Во образложението уште се наведува дека во комплексот Летница има уште неколку дрва, павловнии и чемпреси со оштетени гранки, за кои е издадено решение за уредување на крошните.
Сечењето на борот во центарот на Охрид предизвика реакции во јавноста. Граѓани сметаат дека дрвата и дрворедите во градот несоодветно или воопшто не се одржуваат, а дололку се реагирало навреме нема да се случеле ошттувањата поради кои се исече високиот бор кој беше препознатлив симбол во центарот на Охрид.
OhridNews















