Пожар вечерва избил во куќа на улицата „Петар Чаулев“ во центарот на Охрид.

Неофицијално пожарот започнал од оџакот на куќата.

На местото на настанот интервенираа три возила на противпожарната единица од Охрид, а повикана беше  и екипа на брзата помош.

Дознаваме дека е опожарена една соба од куќата и подрумски простории. За среќа предизвикана е само материјална штета.

OhridNews
фото: Емил Јовановиќ