Познатгиот ланец за брза храна „Вили“ во чија сопственост се петнаесетина сендвичарници во повеќе градови низ земјата, отвори свој национален ресторан во најпознатото туристичко место на охридското крајбрежје – Пештани.

Во нивното петнаесетгодишно искуство во подготвување на брзата храна, ова е прв национален ресторан од ваков тип кој го носи името на брендот „Вили“.

Отварањето помина во весела атмосфера со познати лица од македонската естрада како Анета и Молика и Благоја Груески, а целиот настан заврши со песни и ора и голем огномет над Охридското Езеро.

Националниот ресторан „Вили“ од денеска е отворен за посетителите, кои ќе имаат можност да вкусат разновидни специјалитети. Исто така тука можат да се организираат секаков вид на веселби и прослави.

По повод отворањето, сите посетители на новиот национален ресторан ќе добијат попуст на сметката од 20%.


фото: Емил Јовановиќ


Отворен првиот национален ресторан на „Вили“ во Пештани 

OhridNews
фото: Емил Јовановиќ