Денес во СДСМ Охрид се одржуваат внатрепартиски избори за кандидати за градоначалник и советници, чии резултати значително ќе имаат значително влијание врз утврдувањето на конечните кандидатски листи од страна на партиските тела и органи во СДСМ, информираат од општинската СДСМ.

На листата на градоначалник има осуммина кандидати. Меѓу нив интернист, правници, доктор на науки, безбедњаци.

– Денешниот ден е празник на демократијата во СДСМ Охрид и нова страница во партиското делување, не само во нашиот град, туку и во државата. Изборната постапка во СДСМ Охрид е отворена, транспарентна и демократска, велат од ОО на СДСМ.

OhridNews