17.45 Пожарот што попладнево избувна во заеднички простории во зградата кај старата автобуска станица, во центарот на Охрид, е ликвидиран, информираат од охридската Противпожарна служба.

Неофицијално се работи за остава на покривот на зградата, од каде избил густ чад, по што била алармирана противпожарната единица од Охрид, која интервенира со две противпожарни возила.

Според првичните неофицијилни информации, не се загрозени домовите на станарите кои превентивно беа евакуирани од зградата.

Еден жител се пожалил на вдишување чад и бил згрижен од екипата на брза помош.

Истрагата која следи, треба да ги утврди причините за пожарот, кој ги вознемири локалните жители.

OhridNews