Градоначалникот Никола Бакрачески објави конкурс за доделување  стипендии на талентирани ученици од општинските основни и средни училишта на подрачјето на Општина Охрид за учебната 2013/2014 година. Предвидено е да се доделат дваесет стипендии за талентирани ученици од седмо и осмо  одделение од основните училишта и дваесет стипендии за талентирани ученици  од втора, трета и четврта година во општинските средни училишта.

Право на стипендија имаат кандидатите кои меѓу другото, се редовни ученици, освоиле награди за поединечно освоено прво,второ или трето место на градски, државен или меѓународен натпревар во областа на науката, техниката, културата и уметноста, да оствариле континуиран  одличен  успех во текот на школувањето од петто до крај на основното образование, односно од прва година па нагоре ,за средношколците.

Висината на стипендијата ќе изнесува 1500 денари месечно за девет месеци во текот на  учебната  2013/2014 година.

Објавен е и конкурс за доделување на 20 стипендии на редовни студенти од Општина Охрид, запишани на државните универзитети во Република Македонија за  академската 2013/2014 година, од втора, трета, четврта, петта и шеста година. Кандидатите треба да се редовни студенти,да оствариле просечен успех во текот на студирањето од минимум осум, да не се корисници на стипендија или кредит од други институции или фирми.

Висината на стипендијата ќе изнесува 2 000 денари месечно за девет месеци во текот на  учебната  2013/2014 година.
Рок на пријавување е 15 дена по објавувањето на конкурсите.

OhridNews