На 24 мај, со почеток во 19 часот и 30 минути во црквата Света Софија по повод празникот на македонските просветители „Св. Килир и Методиј“ концерт ќе одржи растечката генерација на македонски пијанисти, под палката на професорите Ана Гацева и Даниел Чуркоски.
На младите пијанисти и присутните гости ќе им се обратат професорот Димитар Пандев и актерот Симон Јаковлев. Влезот е бесплатен.
Претходно, во 19 часот делегацијата ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на Св. Кирил и Методиј кој се наоѓа на градското пристаниште.
OhridNews












