Момчето со големо срце и челична волја, дванаесетгодишниот Марко Пејчиноски од Охрид, кој утрово го започна подвигот за препливување на Охридското Езеро, во моментов се наоѓа кај Горица 3 и полека се доближува до Охрид. Се држи одлично покрај северниот ветер и бранот, кој значително ја намали силата од утрото.
Плива константно со 60 зафати во минута, физички и психолошки е исклучително стабилен, што е од голема важност за ваков подвиг вели медицинскиот тим кој го прати Марко заедно со екипа на Црвениот крст, OhridNews и уште еден пратечки чамец во кој се таткото и неговиот брат.
Подвигот на храбриот пливач Марко е дотолку поголем ако се земе во вид дека тој има доживеано инфаркт на коска на долните екстремитети, но како што вели, тоа не му претставува пречка да го оствари својот голем сон, да го преплива Охридското Езеро.
OhridNews
Видео: Марко стигна до Трпејца
Видео + фото: Марко го започна подвигот на Охридското Езеро, на стартот силен ветер и бран