Сообраќајот на автопатот Скопје – Тетово, кој беше блокиран поради протест на граѓани од 10:00 часот, е нормализиран, информираат од АМСМ.

Сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините. 

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно да се внимава низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.

Од 15-ти Ноември на сила ќе стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2017 година.

OhridNews