13:36 Почетокот на судскиот процес пред Кривичниот суд во Скопје, за организаторите на насилствата во Собранието на 27 април 2017 година, што требаше да почне денеска  е одложен за 26 февруари.

Причина за одложувањет е барањето на одбраната да и се овозможи  дополнително време за увид во доказите од претходните постапки.

Обвинети во предметот се поранешниот спикер на Собранието Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование Миле Јанакиески и Спиро Ристески, како и поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски.

Тие се товарат за кривично дело „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Со предметот беа опфатени и поранешниот премиер Никола Груесвски и ексразузнавот Никола Бошковски, кои се недостапни за органите на истрагата, поради што но постапката против нив е запрена.

OhridNews