Пожарот кој попладнево бил пријавен дека избил во Националниот парк Галичица најверојатно сам се изгаснал и не предизвикал штети во паркот, информираат од националната установа. Според пријавата пожарот избувнал на планинскиот срт над селото Велестово, каде расте само трева и ниска вегетација.

По пријавата околу 19.30 часот екипа на Националниот парк пристигнала на посочената локација, но огнот веќе бил изгаснат.

Засега не се знае што го предизвикало пожарот, за кој била информирана и противпожарната служба.

OhridNews
Фото: Архива