Обновено: Охридското Езеро на 3 сантиметри до природниот минимум
07.10.20 07:00
Осцилациите на Охридското Езеро, се се’ почести изминатата декада, а промените во литоралот исто така се се’ поочигледни.
Според најновите мерења на Управата за хидрометеоролошки работи направени утрово, нивото на Охридското Езеро се наоѓа на котата 693,13 метри надморска височина. Тоа е 4 сантиметри под утврдената кота со Билатералниот договор со Албанија (693,17 м.н.в.) и само 3 сантиметри над природниот минимум кој изнесува 693,10 м.н.в.
Хидролошката состојба оваа година е исклучително неповолна. Неодамна, пак, се изврши чистење на наносите од песок на испустот на реката Црн Дрим во Струга, кога тој беше максимално отворен.
Охридското Езеро, иако е заштитено со закон и претставува светско природно наследство заштитено од УНЕСКО, со децении се третира како акумулација, а најспорна е регулацијата на истекот во реката Дрим по чие течение на македонска и албанска страна има повеќе хидроцентрали. Таа не е ревидирана, ниту модернизирана, иако хидролошките и климатски услови денес, значително се разликуваат од времето кога Македонија и Албанија ги договарале правилата за користење на водните ресурси од најголемиот природен басен со питка вода во овој дел од Европа.
На 27 јуни свечено ќе биде отворена Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“, која годинава ќе се одржува до 6 јули и ќе собере уметници од Македонија, Србија, Романија, Полска и Украина...
Вчера во 17:30 часот во ОВР Струга е пријавено дека во близина на Граничен премин Ќафасан настанал пожар во патнички автомобил „Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки во движење, кој го управувал ...
Директорот на НУ „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски, учествуваше на панел-дискусијата за културна дипломатија „Cultural Notes of a Shared Future“, што се одржа во Палата Србија во Белград, во присуст...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.