Серија потреси се регистрирани во текот на ноќта и утрово во охридското епицентрално подрачје. Најсилниот се случи во 7 часот и 18 минути со магнитуда од 3.7 степени според Рихтер. Епицентарот бил на 8 километри источно од селото Косел. Две минути порано тлото под Охрид се тресеше со интензитет од 3.3 степени. Во 4.32 минути се случи уште еден земјотрес со јачина од 3.1 степен.

Силен потрес регистриран е и во1 часот и 7 минути со магнитуда од 3.3 степени по Рихтер.

Претходно беа почувствувани неколку послаби потреси, последниот во 19.34 часот со јачина од 2.6 степени.

Од 18 јуни до сега во охридскиот регион се случија над 1200 земјотреси. Најсилниот беше со магнитуда од 5 степени по Рихтер.

Поради честите земјотреси, дел од граѓаните на Охрид преноќуваат во своите автомобили или во шатори под отворено небо.

OhridNews