
Согласно објавата, по пат на електронско наддавање ќе се издаваат две плажи во населбата Канео, како и уште три други плажи на источното крајбрежје од Охридското Езеро.
Почетна утврдена цена по метар квадратен е 90 денари. Право на учество имаат физички и правни лица кои ги задоволуваат критериумите објавени во јавниот оглас. Соте треба да поседуваат Банкарска гаранција за сериозност на понудата која изнесуваа 300% од вкупната почетна цена на годишната закупнина.
Огласот трае еден месец, а јавното наддавање ќе се одржи на на 4 јули, информира локалната самоуправа.
OhridNews











