Нуркачкиот центар „Акватек“ и Лајонс клубот „Лихнидос“ изведоа несекојдневен потфат. Во знак на поддршка на лицата со ретки болести, охридските нуркачи ги осветлија старите бродски шини на езерското дно кај месноста Сараиште, во стариот град.
Со оваа акција се приклучуваме кон националната кампања за подигнување на свеста и запознавање на пошироката јавност со ретките болести. Голем поздрав и респект кон лицата со ретки болести и до нивните семејства. Ние сме исти, сакаме да се запознаме со Вас, Ве сакаме и почитуваме. – изјави Никола Паскали, од Нуркачкиот центар „Акватек“.
Нуркачите на „Акватек“ го осветлија Охридското Езеро во боите на ретките
Оваа акција е дел од националната кампања за осветлување на знаменитости и културно историски споменици со цел подигнување на свеста и запознавање со ретките болести.
Градот Охрид на најдобар начин ја потврдува својата долгогодишна поддршка кон лицата со ретки болести и испраќа силна порака до целата македонска јавност. Очекуваме идниот февруари многу повеќе градови да се приклучат кон оваа кампања, со адекватно осветлување на културните и историските знаменитости.” – изјави Проф. Д-р Зоран Тунтев, член на клубот „Лихнидос“.
OhridNews















