Повеќе часови во Охрид и околината не функционираат телефонските броеви кои се на Македонски телеком. Причина за тоа е дефект на оптички кабел кој на кој е поврзан градот Охрид. Проблеми има и со интернет мрежата.
Вон функција се и поважните телефонски броеви на итната помош, полиција, како и на противпожарната служба во Охрид каде во употреба е ставен бројот 046257997 кој може да го користат граѓаните додека повторно не почне да функционира бројот 193.
Од Македонски телеком информираат дека стручните служби работат на отстранување на проблемот со цел нормализирање на состојбата.
Проблемот со телефонските линии во Охрид денеска е главна тема на социјалните мрежи, кои се преплавени со коментари, но и со шеги за зависноста на денешниот човек од технологијата.
OhridNews












