Утрово,повредени се двајца работници при извршување градежни зафати врз објект во населбата Рача.

Според првичните информации, врз работниците паднала бетонска плоча. По интервенција на службите од Противпожарната единица, работниците се извлечени и пренесени во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“.

OhridNews