Екипите на Инекс Олгица Хотел и Спа, Сатеска и Бразилиан обезбедија пласман во четвртфиналето на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2026“, по осминафиналните натпревари одиграни синоќа.

Во меч исполнет со многу нервоза и тензии, екипата на Инекс Олгица Хотел и Спа со 3:1 спавеше над Студио 13. Неизвесна пресметка одиграа Сатеска и Св. Троица, а Сатеска славеше со 3:2.

Најефикасниот натпревар на вечерта го одиграа Идеал рент а кар Струга и Бразилиан. Во меч со осум погодоци, Бразилиан победи со 5:3 и го продолжи настапот во елиминациската фаза.

Осминафиналните возбудувања продолжуваат вечерва, 29 јули, со уште три натпревари:

20:30 часот Аце Најдески – Златара Бени Ерол
21:30 часот Типлери – Др. Баткоски
22:30 часот Екстра Скопско – Македонија

Победниците од вечерашните пресметки ќе им се приклучат на Студио 13, Сатеска и Бразилиан во четвртфиналето на турнирот.

OhridNews