Поради дефект на водоводната мрежа денес од 08:00 до 13:00 часот ќе има прекин во водоснабување на улицата „Дејан Војвода“ и на дел од „Стив Наумов“. Исто така, поради давање на приклучок за новата Автобуска станица, денеска, ќе има прекин во водоснабдување на улиците: „15ти Корпус“, „Кленоец“, „28 Април“, „Радојца Новичиќ“, односно поголемиот дел од населбата „Црногорци“, до 16:00 часот.

Екипите на МЈП Проаква – РЕ Водовод Охрид се на терен и ќе работат се до завршување на активностите, инфоемираат од јавното претпријатие.

OhridNews