Тимовите на ИСИЗ кои од вчера престојуваат во Охрид со цел да се направи соодветна проценка и да се реагира на местата каде што има посериозни оштетувања, денес, ја продолжија обиколката на оштетените објекти.

Од локалната самоуправа информираат дека не се утврдени поголеми оштетувања врз пријавените објекти, освен поголеми пукнатини.

Засега, превентивно ќе биде затворен еден објект од градинката „Јасна Ристеска“, објектот „Билјана“, поради увтрдено напукнување на ѕид.

– До санирање на оштетувањата и смирување на тлото, децата од 2 – 6 годишна возраст ќе бидат згрижени во објектот „Централна“, а децата од јасли во објектот „Лихнида“, информираат од градинката.

За подетални информации родителите можат да се јават во управата на градинката на телефон: 046/511 – 217 или кај воспитните тимови.

 

Екипи на ИЗИС вечерва во обиколка на оштетените објекти во Охрид

OhridNews