Полициските екипи кои излегоа на терен по инфацијата за исчезнување на мал патнички авион на 10-на километри од аеродромот во Скопје, кај Катланово, пронашле само остатоци од леталото, но не и луѓе. Местото каде се урнал авионот од типот „Пајпер“, прецизно било лоцирано со помош на GPS уреди.

Како што пренесоа националните медиуми, потрагата доцна вечерва е прекината поради лошите временски услови и непристапниот терен. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека е извршено обезбедување на просторот каде паднал авионот и дека потрагата ќе продолжи во текот на утрешниот ден. Исто така утре на терен ќе излезе и јавното обвинителство кое треба да спроведе истрага за несреќата.

Како што информиравме претходно, мал патнички авион со германски национални ознаки, кој полетал од Тревизо, Италија, попладнето околу 17.40 часот исчезнал од радарите на контролата на летање на аеродромот „Александар Велики“. Неофицијално во леталото имало четворица италијански и двајца државјани на Косово, каде била крајната дестинација на авионот кој во Скопје требало да слета за да наполни гориво.

OhridNews