Денес, околу 10 часот, од водите на Охридското езеро било извлечено безживотно тело. Според информациите на портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, станува збор за машко лице на возраст од околу 60 години.

Полицијата изврши увид на местото каде е пронајдено телото. Не се познати причините за смртта.

OhridNews