Денеска (13.08.2026) во 12:20 часот на крстосница од ул.„АСНОМ“ со ул.„Никола Карев“, по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Охрид  ја пронајдоа 15-годишната малолетничка од Охрид, за која претходно беше пријавено дека се оддалечила од домот.

Во содејство со Центарот за социјални работи таа е предадена на родителите, информираат од СВР Охрид.

На 12.08.2026 во 14:32 часот во СВР Охрид е пријавено дека од водите на Охридско Езеро кај Пештани било извлечено машко лице – давеник.

Екипа на Итна медицинска помош се обидела да го реанимира лицето, но набргу констатирале дека лицето починало и дека нема видливи повреди. Притоа, било констатирано дека се работи за турист 46-годишен од Грузија, велат од СВР Охрид.

Увид бил извршен, а по Наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

OhridNews